Мислење на Народниот правобранител за начините за заштита на правата на децата до 10 години
Народниот правобранител до Владата достави мислење во врска со барањата на родители на деца до 10 години за заштита на правата на децата и обезбедување на услови за нивно безбедно згрижување во услови кога родителите се обврзани да ги остваруваат своите работни задачи на работните места, а за децата нема кој да се грижи.
„Имено, Народниот правобранител смета дека Владата треба да го задолжи ресорното Министерство за труд и социјална политика да ги испита сознанијата дека јавните установи за деца – детски градинки во општините во Република Северна Македонија кои се основачи на истите не вршат уписи на деца во градинка, и следствено да се преземат мерки заради обезбедување услови за непречено запишување на деца, а со тоа и обезбедување на потребната документација за ослободување на еден од родителите од работни активности со цел водење грижа за детето/децата, здравјето и безбедноста на децата, a без притоа да се наруши работниот процес“, нагласува Народниот правобранител во Мислењето за начините за заштита на правата на децата до 10 години, како и за условите за нивно безбедно згрижување во услови на пандемија.
Мислење на Народниот правобранител во врска со наставата во услови на далечинско учење
М.В