/ Прочитано:

1.822

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

Во Венеција денеска и утре се одржува 116. пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку правото (Венецијанска комисија), на која е поканета да учествува и министерката за правда, Рената Дескоска.

Министерката за правда денеска и утре ќе има повеќе состаноци со членовите на Венецијанската комисија и ќе се обрати на пленарната сесија, на која ќе биде разгледано и усвоено Нацрт-мислењето на Венецијанската комисија за Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет и на Законот за судовите.

„Според Нацрт-мислењето на Венецијанската комисија, кое е неодамна доставено до Министерството за правда, последните измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет и на Законот за судовите ќе бидат оценети позитивно. Во ова мислење е наведено дека новите институционални аранжмани и процедурални правила на подобар начин ја заштитуваат судската независност и поставуваат цврсти темели за добро функционирање на судскиот систем. Во мислењето ќе бидат дадени и насоки за понатамошно подобрување на текстот на законите“, информираат од Владата на РМ.

М.В