/ Прочитано:

2.580

МЛАДИ СУДИИ – нова категорија судии која се воведува со измените на Законот за судовите

Со новите предложени измени на Законот за судовите се воведува нова категорија судии, т.н. млади судии. Судија на основен суд со проширена надлежност со судиски стаж до две години  може да одлучува само во постапки од членот 30 на Законот за судовите, се пропишува во предложените измени.

„Со членот 10 се додава нов член 38-а, со кој се воведува нова категорија на таканаречени млади судии и со кој се предвидува во период од две годни новоизбраниот судија да суди за предмети од надлежност на основен суд со основна надлежност. Се оцени дека периодот од две години е доволен за постигнување на доволна судиска стручност на младите судии да можат да бидат вклучени во редовниот распоред на тековни предмети, а согласно препораката од Оценската мисија на ТАИЕКС за обука на судии и јавни обвинители од 23.04.2018 година“, се вели во законското образложение.

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Законската рамка за судовите и за Судскиот совет се подготвува според мислењето на Венецијанската комисија

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

М.В