/ Прочитано:

854

Младите правници со јавен повик за учество во Програмата за практикантска работа

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамките на проектот „Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија”, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, објавува јавен повик за учество во Програмата за практикантска работа на млади правници. Програмата има цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети.

Програмата се спроведува во соработка со судовите во Република Македонија, Народниот правобранител, Комисија за заштита од дискриминација и адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине три месеци практикантска работа во една институција (изборот на институцијата го определува проектниот тим).

Деталите за повикот на следниот линк.