/ Прочитано:

754

ММФ ги призна „значителните грешки“ во спасувачкиот план за Грција

Четврток, 6 јуни 2013 – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) призна дека дозволил „значителни грешки“ во спасувачкиот план за Грција и изјави дека земјата поднела многу потешка рецесија отколку што било предвидено, соопштија американските медиуми.

Ова необично признание, ММФ го направи во извештај за грчката криза што вчера беше објавен во Вашингтон. 

Грција го загуби својот достап до кредитните пазари во 2010 година и доби спасувачки заем од 200 милијарди евра од земјите од еврозоната и ММФ во рамки на две програми. Меѓутоа земјата остана во рецесија шестта година по ред, а невработеноста достигна 27 проценти.

Во извештајот се посочува дека ММФ и партнерите во спогодбата – Европската централна банка и Европската комисија, значително ја потцениле веројатноста дека мерките за штедење, како што беа оданочувањето на трошоците и зголемувањето на даноците, ќе ја продлабочат рецесијата.