/Прочитано:

105

МНР: Формиран кризен штаб за сообраќајната несреќа

„Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, Mинистерството за надворешни работи на Македонија информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата.

Од МНР информираат дека двајца нивни вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет: тел.број 075 273 732“, соопштуваат од МНР.

Се преземаат сите дејствија за да се истражи страшната сообраќајна несреќа, велат бугарските власти

М.В