МНР најавува нов Закон за надворешни работи

Министерството за надворешни работи најавува нов Закон за надворешни работи. Законот е во нацрт-фаза и со него ќе се уредат надлежноста, организацијата и работата на Министерството за надворешни работи.

Со постојниот Закон за надворешни работи се уредуваат:

– начинот и постапката за вршење на надворешните работи од органите на државната власт;

– надлежностите на органите на државната власт и органите на државната управа во креирањето, утврдувањето и спроведувањето на надворешната политика;

– надлежноста, организацијата и работата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија;

– видот и постапката за отворање на дипломатски и конзуларни претставништва на Република Македонија;

– видот и постапката за отворање на дипломатски и конзуларни претставништва на други држави во Република Македонија;

– правата, должностите и одговорностите на дипломатите во Министерството за надворешни работи и во дипломатските и конзуларните претставништва на Република Македонија и

– користење и располагање со движни и недвижни ствари во државна сопственост што ги користат дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.

М.В