/ Прочитано:

1.150

МОФ: Поткуп, корупција и непотизам – секојдневние за студентите

Вторник, 5 март 2013 – Дури 39% од студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) имале искуство со поткуп во форма на купување книга од професорот со цел да се добие поголема оценка, а најголем дел од нив не пријавуваат корупција бидејќи сметаат дека нема да променат ништо. Поточно, скоро секој четврти студент имал искуство со некои од формите на непотизам, покажува истражувањето на „Младинскиот образовен форум“ (МОФ).  

Студентите раскажуваат дека неизбежни се ситуациите кога професор дава повисока или оценка врз основа на познанство или кога се користат „врските“ за упис на факултетот. Регионалното истражување во кое се вклучени најголемите високообразовни установи во Македонија, Србија, Хрватска, Молдавија и Бугарија, открива дека на УКИМ, најмалку 30 % од испитаните студенти биле директно изложени на непотизам.

„Формите на непотизам за кои зборуваме се кога професори го користат своето влијание во процесот на уписи, студенти користат познанства за упис, професорот дава повисока оценка на основа на познанство и студент користи познанства за да добие повисока оцена или да положи испит“, истакна Петар Димитров од МОФ.

Свеста за пријавување на корупција кај студентите во Македонија се уште е мала. Истражувањата покажуваат дека тие не ги препознаваат сите форми на корупција во високото образование и дека и покрај тоа што во рамките на универзитетот има отворени канцеларии за пријавување, студентите многу малку пријавуваат корупција поради постоње на страв од одмазда.

За споредба, на Универзитетот во Загреб само 9,9 отсто од испитаниците имале такво искуство, додека во Македонија околу 30 отсто од студентите одговориле дека биле инволвирани во вакви ситуации, а дури 39 отсто изјавиле дека имале директно искуство во купување книга од професор со цел да се добие повисока оценка.

Во просек 4 од 10 студенти имале искуство со мито и корупција. Истражувањата покрај во земјава, биле спроведени во Бугарија, Хрватска, Србија и Молдавија. Вкупно биле анкетирани 3.463 студенти.