/ Прочитано:

3.562

МОН ги подготвува измените на законите за основното, средното и високото образование

Министерството за образование и наука ги подготвува измените на Законот за основното образование, Законот за средното образование и Законот за високото образование. Од Министерството за образование и наука образложуваат дека целта на Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование и на Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование e подобрување на воспитно-образовниот процес во основните и средните училишта, подобрување на условите за работа на наставниот и друг кадар во училиштата, поедноставување на одредени административни процедури, подобрување на начинот на водење на педагошката евиденција и документација, како и други реформи, а со цел генерално зголемување на квалитетот на основното и средното образование.

Целта, пак, на измените на Законот за високото образование се суштински реформи во законското решение, од аспект на автономијата за високообразовните установи, наставно-научниот кадар, квалитетот, финансирањето, студиските програми.

Како што претходно посочија од МОН, на законските решенија за високото образование работи работна група која, како што нагласија од Министерството, преку квалитетна дебата треба да изготви нов Закон за високото образование кој ќе ги опфати сите аспекти од статусот и организацијата на универзитетот, надлежностите на Сенатот, начинот на управување на факултетите, статусот на наставниците, начинот на кој студентите ќе се организираат во рамки на универзитетот и процесот на нострификација на дипломите“, велат од Министерството за образование и наука.

На почетокот на овогодишната учебна година, министерката за образование и наука Рената Дескоска најави дека за подобрување на образовниот процес, реформите  првично ќе започнат во основното и средното образование.

„Главните промени“, нагласува министерката, „ќе бидат во основното образование и тоа во одделенската настава, бидејќи за поставување темели на писменоста, најважни се првите години“, нагласи Дескоска.

M.В