/ Прочитано:

4.901

МОН го објави текстот на Предлог-законот за високото образование

Со овој закон се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установи.

Причините за донесување на нов Закон за високото образование е со цел квалитетно уредување на автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусни промени и престанок на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установи.

„Имајќи ја предвид значајноста на Законот за високото образование, а притоа водејќи се од принципите на транспарентност и инклузивност, Министерството за образование и наука спроведува јавна консултација околу нацртот на новиот Закон за високото образование.

Вашите коментари и предлози за натамошно подобрување на нацрт-верзијата на Законот за високото образование се добредојдени и можете да ги доставите во наредните 20 дена (6.1.2018 година), на следната електронска адреса – zvo@mon.gov.mk, или до архивата на МОН (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54)“, информираат од МОН.

На следниот линк можете да го преземете документот: Нацрт – Закон за високото образование

М.В