МОН: Од утре поднесување документи за признавање странски дипломи само по електронски пат
Министерството за образование и наука информира дека лицата кои имаат потреба од признавање на странски дипломи и образовни квалификации од 4.11.2022 ќе можат да ја користат оваа услуга исклучиво по електронски пат.
Поднесување на барање за нострификација/еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Северна Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно постоечките правни прописи, како и електронско плаќање ќе се врши преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk.
Изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука и на овој начин значително се крати времето, но и дел од трошоците кои настануваат при користењето на оваа услуга.