/ Прочитано:

485

МОН подготвува измени на Законот за иновациската дејност

Министерството за образование и наука подготвува измени на Законот за иновациската дејност.

„Со Законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност се изменуваат и додаваат нови одредба со кои се прошируваат областите и обемот на работење на Фондот за иновации и технолошки развој, се предвидуваат нови начини на финансирање на активностите на Фондот и се доуредуваат инструментите и другите мерки преку кои Фондот ги спроведува планираните активности. Со предвидените измени се очекува Фондот да обезбеди повеќе финансиски средства со кои преку утврдените мерки и инструменти ќе изврши влијание врз иновациите и технолошкиот развој во Република Северна Македонија“, посочуваат од МОН.

М.В