МОН подготвува нов Закон за учебници
Министерството за образование и наука подготвува нов Закон за учебници, односно нов Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование.
Со овој закон, посочуваат од МОН, се уредува одобрувањето и употребата на учебниците, наставните и другите дидактички материјали во основното и средното образование.
Новиот закон за учебници беше најавен од МОН и во месец октомври, минатата година. Министерството за образование и наука тогаш информираше дека целта на новиот Закон за учебници е надминување на недостатоците во овој сегмент од образованието, како и обезбедување на квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците.
МОН: Во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници
М.В