/ Прочитано:

1.382

МОН подготвува Закон за изменување и дополнување на Законот за иновациска дејност

„Целта на Предлог-законот за дополнување на Законот за иновациска дејност е во насока на создавање услови за доуредување на одделни прашања во делот на поефикасно функционирање на Националната канцеларија за трансфер на технологии“, се наведува во повикот.

Илустрација, адвокати

Министерството за образование и наука најавува измени на Законот за иновациска дејност. Измената и дополнувањето на Законот за иновациска дејност е во насока на создавање на услови за доуредување на одделни прашања во делот на поефикасно функционирање на Националната канцеларија за трансфер на технологии.

„Целта на Предлог-законот за дополнување на Законот за иновациска дејност е во насока на создавање услови за доуредување на одделни прашања во делот на поефикасно функционирање на Националната канцеларија за трансфер на технологии“, се наведува во повикот.

Засегнатите страни можат да се вклучат во креирањето на измените преку:

– барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни;

– учество во работни групи формирани од страна на Министерството или Владата;

– состаноци со засегнатите страни и

– јавни дебати по одредени прашања преку користење електронски интерактивни алатки достапни на порталите ЕНЕР и е-Демократија.

Национална канцеларија за трансфер на технологии ќе претставува место на кое сите заинтересирани ќе можат да ги добијат неопходните информации за примена на нови технологии и иновации. Со отворањето на Канцеларијата се очекува значително да се подобрат технолошките капацитети на домашната индустрија преку намалувањето на јазот помеѓу знаењето и достигнувањата достапни на глобално ниво и во нашата држава, најави Министерството за образование на почетокот на овој месец.

Националната канцеларија за трансфер на технологии ќе има и регистар на експерти за разни индустриски области од земјава и регистар на достапни лаборатории и услуги на лабораториите.

„Целта на нејзиното основање е да се централизира понудата на услуги од типот на советување на македонските компании во делот на интелектуалната сопственост, заштитата и правата, увозот, односно приспособување и примена на технологиите и иновациите кои не се нови во светот, но кои можат да бидат нови кај нас, како и за учество во програмите на ЕУ преку подучување за начинот и постапката за аплицирање со проекти“, велат од МОН.