/ Прочитано:

2.245

МОН подготвува Закон за математичка гимназија

Министерството за образование и наука подготвува Закон за математичка гимназија.  Со овој закон, велат од Министерството, ќе се уредат организацијата, функционирањето и реализацијата на воспитно-образовниот процес во математичката гимназија.

„Со законот ќе бидат опфатени повеќе клучни аспекти и тоа: средното образование за надарени и талентирани ученици, структурата на наставниот план, наставните програми по математика, оценувањето на учениците и напредувањето во математиката, образованието на наставниците и нивните компетенции и соработката со родителите“, истакнуваат од Министерството за образование и наука.

M.В