/ Прочитано:

2.633

МОН: Повик за ученици – млади иноватори и социјални претприемачи

„Имаш идеја за производ или услуга која сакаш да ја развиеш? Сакаш да промениш нешто во твојата заедница? А да учествуваш во програма која се спроведува на светско ниво? Ако сите одговори се ‘ДА’, тогаш собери свој тим и бидете дел од првата генерација на млади UPSHIFT иноватори и социјални претприемачи!“, се вели во повикот на Министерството за образование и наука.

Министерството за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и CEED HUB Скопје ви нудат можност преку учество во UPSHIFT програмата да откриете што сакате да промените, да развиете иновативно решение и да добиете финансиска поддршка за тоа да стане реалност.

Со учеството во програмата:

  • ќе стекнете нови вештини и знаења;
  • ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница, а и пошироко;
  • ќе научите како да ја дизајнирате, да ја развиете и да ја спроведете вашата идеја;
  • ќе стекнете нови пријателства и
  • ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.

„Ваша обврска е да направите тим од најмногу 5 учесници на возраст од 13 до 19 години и да ја пополните апликацијата на овој линк, до 10 септември 2018. За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да контактирате со mtrajkova@ceedhub.mk или преку фејсбук-страницата на CEED HUB Скопје“, стои во соопштението на МОН.