/ Прочитано:

2.575

МОН: Стипендии од програмата „Фулбрајт“ за академската 2019-2020 година

Министерството за образование и наука информира дека е во тек конкурсот за учество во студентската програма „Фулбрајт“, наменета за визитинг-студенти истражувачи и за магистерски студии во Соединетите Американски Држави, за академската 2019 – 2020 година.

Квалификувани за да се пријават се кандидатите кои завршиле високо образование или се запишани на постдипломски студии. Тие треба да се граѓани на Република Македонија и да имаат доволно познавање на англискиот јазик за да можат да студираат или да истражуваат во САД.

Сите подетални информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција во оваа заедничка студентска програма на владите на САД и Република Македонија се достапни на https://mk.usembassy.gov/fulbright-student-competition-2019-2020-academic-year-now-open/  и www.mon.gov.mk.

Крајниот рок за пријавување е 31 мај 2018 година.