/ Прочитано:

930

МОСТ: Семејно гласање и непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица

Недела, 7 април 2013 – Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега е забележани се неправилности на неколку гласачките места.

Според информциите на МОСТ, набљудувачите забележале неправилности на неколку гласачки места. 

  • Гласачко место 2909 општина Бутел членови на ИО во 4 случаи помагале на слепи и неписмени лица, додека пак во гласачко место 2966 општина Шуто Оризари членови на ИО помогнале на слепи и неписмени лица во 6 случаи.
  • Гласачко место 1905 општина Струга, забележани се 13 случаи на семејно гласање, 8 случаи на непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица, како и 3 случаи на јавно гласање.
  • Гласачко место 1907 општина Струга, забележани се 9 случаи на семејно гласање и 7 случаи на јавно гласање.
  • Гласачко место 0438 општина Врапчиште на еден гласач му е дозволено да гласа иако го немало во Избирачкиот список. Неговата изјава била дека таму гласал во првиот круг, па ИО се договорил да му дозволи да гласа. На ова место исто така се забележани и 11 случаи на семејно гласање.
  • Гласачко место 0838 општина Кочани, забележано е сликање на гласачкото ливче и направена е забелешка во записникот на ИО.
  • Гласачко место 0412 општина Гостивар, се читаат на глас имињата на гласачите.
  • Гласачко место 1917 Велешта општина Струга, од 14 часот па досега забележани се 14 нови случаи на семејно гласање и 8 случаи на јавно гласање.
  • Гласачко место 2154 општина Велес, на 10 лица не им е проверен десниот палец со УВ ламба.
  • Гласачко место 0427 општина Гостивар, забележани се 10 случаи на семејно гласање.
  • Гласачко место 0843 општина Кочани, пронајдено е заокружено гласачко ливче позади параванот со печат од соодветното ГМ. Ливчето е ставено на страна, а ИО ќе одлучи за тоа дали ќе се третира како неважечко по завршување на гласањето.
  • Гласачко место 2948 општина Бутел, членовите на ИО забележале дека од кочанот за градоначалник на општината има едно ливче помалку од оној кочан за градоначалник на град Скопје. Гласањето било прекинато 15 мин, по што е направен записник и е решено за ова да се одлучува по завршување на гласањето.