МП: Наскоро и дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција
„Услугата електронско вадење на потврди од казнена евиденција одлично функционира во пракса и граѓаните веќе ја користат услугата. Ова беше прва од повеќето услуги кои се дигитализираат, а целта е граѓаните да не мора да чекаат по шалтери и овие потврди да се добиваат електронски. Според информациите граѓаните веќе ја користат оваа услуга и системот одлично функционира. Граѓаните електронски, на модерен начин ги вадат овие потврди, односно потврдите за неосудуваност. Се работи за целосно нов систем, но важно е дека се се одвива во најдобар ред. Оваа услуга е само една по неколкуте кои целосно ќе се дигитализираат. Наскоро ќе може по електронски пат да се добијат и изводите од кривична евиденција, а се работи и на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Целиот процес на дигитализацијата на судството кој го води Министерството за правда, предвидува воведување информатичка технологија на сите 34 судови во земјава и во речиси 200 судници“, информира министерот за правда.
Граѓаните ќе можат да користат дигитални услуги на судовите за издавање на уверенија
Целосна дигитализација на 200 судници и 34 судови
Дигитализација на судството – зголемување на ефикасноста и пристапот до правда
Дигитален идентитет за странките и адвокатите – дел од активностите за дигитализација на судството
Маричиќ во Турција за дигитализацијата на македонските судови
И Хан информиран дека ќе се дигитализираат 100 судници во земјата
Дигитализација на 100 судници, најави министерот за правда од Брисел
Министерот за правда во Основниот суд Кавадарци, првиот суд каде што се одржа онлајн судење
Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн
(ФОТО) Основниот суд Кавадарци постави паравани за целосна заштита на странките