/ Прочитано:

1.351

МРТ, Македонски шуми, комунални претпријатија и физички лица повторно на Листата на должници на УЈП

Повеќе од 4 500 фирми, физички лица и јавни претпријатија се наоѓаат на последната листа на должници на УЈП која се објавува веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.

УЈП лого

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 05/2016 за долгови достасани до 31.1.2016 и неплатени до 31.4.2016 година, врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120 000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
  2. повисок од 300 000 денари за правните лица.

Повеќе од 4 500 фирми, физички лица и јавни претпријатија се наоѓаат на последната листа на должници на УЈП која се објавува веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.

Во горниот дел од Листата од јавните претпријатија се наоѓаат ЈП „Македонија пат“, „Македонски шуми“, Јавното претпријатие за комунални дејности – Гостивар, Јавното комунално претпријатие – Тетово и Македонската радио-телевизија.

Доколку не се согласува со објавените податоци, даночниот обврзник може да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • до Царинската управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

Даночен должник, според Законот за даночна постапка, е лице што треба да исполни одредена обврска за плаќање од даночната постапка во даночноправниот однос.