/ Прочитано:

2.368

МТСП: 11 Октомври (недела) е државен празник, 12 октомври е неработен ден

11 Октомври Денот на народното востание (недела) е државен празник. Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопштуваат од МТСП.

„Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11 октомври 2020 година (недела), Денот на народното востание, е државен празник.

Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание“, соопштуваат од МТСП.