МТСП: 9 септември, неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 8 септември 2019 година (недела), Денот на независноста, односно 9 септември 2019 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
„Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста“, соопштуваат од МТСП.
НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА 2019 ГОДИНА: Објавена програмата на Министерството за труд и социјална политика