/ Прочитано:

1.427

МТСП: Апел за пријавување на бездомни лица

Со оглед на неповолната временска состојба и минусните температури, Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на бездомништво во Црвениот крст и во центрите за социјална работа.

Дежурните тимови ќе ги згрижат и ќе ги сместат бездомниците во пунктот во Момин поток – Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица кои беа отворени минатата есен во Струга, Битола и Струмица.

Во продолжение се контакт-телефоните на дежурните екипи:

Скопје:

Црвен крст – 071 733 171, 02 3096 227

ЦСР – 078 230 943, 076 381 762

Струга:

Црвен крст 070 249 733

ЦСР – 075 588 980

Битола:

Црвен крст – 075 907 060

ЦСР – 071 342 492

Струмица:

Црвен крст 070 253 441

ЦСР – 075 377 798