МТСП: Брачната заедница и термините мајка и татко не се менуваат
„Законот за спречување и заштита од дискриминација е т.н. lex specialis, односно не ја уредува детално секоја област на која се однесува. Во новиот Предлог-закон се вклучени општи одредби, кои подетално се уредуваат во посебни закони. Конкретно, одредбата за бракот дека е заедница меѓу маж и жена е уредена во Законот за семејство и таму нема промени за ова прашање. Во Република Северна Македонија бракот, како и вонбрачната заедница, се заедници меѓу еден маж и една жена, и родителите се именуваат како татко и мајка.
Законот за спречување и заштита од дискриминација, со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет, ја проширува заштитата од дискриминација кон оваа група на граѓани. Ова законско решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани. Основа за донесување на овој закон е токму Уставот на Република Северна Македонија, во кој се утврдени основните слободи и правата на човекот и граѓанинот.
Исто така, Законот за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанска комисија, од Обединетите нации, од ЕУ и од ОБСЕ – ОДИХР. Тие истакнуваат дека Република Северна Македонија со ова ново законско решение прави значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди за човекови права.
МТСП апелира до јавноста да не подлегнува на манипулации и лажни информации. Законот за спречување и заштита од дискриминација е достапен за секој, може да се види на веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика и на веб-страницата на Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на МТСП.
Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација во собраниска процедура
Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација презентиран во МТСП
Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација прифатен во владина процедура
Објавен текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација
Во подготовка Законот за спречување и заштита од дискриминација чиј текст ќе биде усогласен со меѓународните стандарди
Јавна дебата за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација
М.В