МТСП до градинките: Да се почитува Законот за заштита на децата и забраната за политичко и верско организирање на децата
Mинистерството за труд и социјална политика испрати допис до јавните установи за деца – детските градинки, во кој потсетува на одредби од Законот за заштита на децата.
„Имено, Министерството за труд и социјална политика ги потсетува градинките на одредбата од Законот за заштита на децата (член 12, став (4) ) со која ‘се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување’, а која треба да биде спроведена од нивна страна“, известуваат од МТСП.
Министерството, исто така, ги извести јавните установи за деца – детските градинки дека доколку се инволвираат деца од установите во политичко или верско организирање, во согласност со членот 228, став 1, алинеја еден од Законот, тоа преставува прекршок за кој е предвидена глоба, и тоа:
„Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст.“