МТСП: Европските експерти со позитивно мислење за процесот на подготовка на новиот Закон за работните односи
„Новиот Закон за работните односи, којшто е во фаза на подготовка, обезбедува добра основа за соодветно регулирање на односите на современиот пазар на труд. Истовремено, го содржи и поголемиот дел од директивите на ЕУ и другите релевантни стандарди на трудот.
Ова е генералното мислење на експертската мисија „ТАИЕКС“, на којашто Министерството за труд и социјална политика беше домаќин во периодот од 22 до 26 јули годинава. Мисијата посебно ја истакна важноста на процесот на подготовка на законот, кој се одвива на транспарентен начин, со вклученост на социјалните партнери, стопанските комори, граѓанските организации, претставници од судовите и академската заедница. Целта на експертската мисија, како инструмент на Европската комисија за техничка помош и размена на информации, беше обезбедување препораки за степенот на усогласеност на законот со правото на ЕУ.
Мисијата беше спроведена под водство на експерти од Литванија, со активно учество на претставници на синдикати, претставници на работодавачи и стопанските комори. Министерството за труд и социјална политика има цел со новота законска рамка да ги унапреди работничките права, но истовремено да одговори на новите потреби на пазарот на трудот“, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ
Се подготвуваат измени на Законот за работните односи
M.В