/ Прочитано:

3.276

МТСП: Исплата на права од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска за месец март 2018 година е извршена исплатата на следните права:

Права од социјална заштита

  • Социјална парична помош
  • Паричен надоместок за помош и нега од друго лице (туѓа нега)
  • Цивилна инвалиднина
  • Мобилност и слепило
  • Постојана парична помош
  • Еднократна парична помош
  • Парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа
  • Сместување во згрижувачко семејство
  • Парична помош за студирање
  • Парична помош за згрижувач
  • Социјално домување
  • Азиланти домување
  • Социјална парична помош  за азиланти
  • Субвенции за електрична енергија

Права од детска заштита

  • Детски додаток
  • Еднократна парична помош за новороденче
  • Родителски додаток за трето дете
  • Родителски додаток за четврто дете
  • Единствен родителски додаток
  • Посебен додаток-за месец 04/2018 година.