/ Прочитано:

1.121

МТСП: На работниците да не им се кратат трошоците регулирани со колективен договор или со договор за вработување

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работниците и работодавачите да водат социјален дијалог за сите прашања поврзани со остварувањето на работничките права. Апелираме до работодавачите доколку правата на трошоци за превоз и за храна се регулирани со колективни договори, или со договори за вработување, да не им ги кратат на работниците овие права бидејќи тоа е спротивно на законот.

Законот за работните односи предвидува, односно дава можност работодавачот на свој трошок на работниците да може да им организира превоз до работа и од работа, како и исхрана за време на работа. Трошокот за исхрана може да изнесува најмногу до 20% од просечната нето-плата по работник исплатена во претходната година, а трошокот за превоз – во висина на остварените трошоци во јавниот превоз. Трошоците за храна и за превоз се предмет на договор во колективните договори и за нив треба да се договарaат работниците и работодавачите, или да се уредат со договорите за вработување.

Истовремено, МТСП ги повикува работодавачите да го исплаќаат законски утврдениот износ на минимална плата, којашто сега изнесува 14.500 денари.

Министерството за труд и социјална политика ги охрабрува работниците и работодавачите да преговараат за работничките права и да потпишуваат колективни договори бидејќи само задоволни работници носат до продуктивно производство.

Правото на регрес за годишен одмор

 

 

За работодавачите кои не исплаќаат К-15 или ги бараат парите назад Кривичниот законик предвидува затворската казна

Работничките и работниците кои користат отсуство поради бременост имаат право на регрес за годишен одмор

Погрешно толкување и примена на одредбите за регрес за годишен одмор за оние кои користеле породилно отсуство

Нејасните закони, големите глоби и двојните казни – проблем за работењето на фирмите

Казна затвор за работодавачот што ќе побара од работникот да му врати износ од платата или од надоместоците

Исплата на регрес за годишен одмор

Глобите за работодавачите во новите законски измени за минималната плата

Законот за зголемување на минималната плата пред Комисијата за труд

Законот за зголемување на минималната плата на собраниска седница по скратена постапка

„Фајнанс тинк“ за предложениот пораст на минималната плата

М.В