/ Прочитано:

2.067

МТСП подготвува измени на Законот за заштита на децата

Министерството за труд и социјална политика подготвува измени на Законот за заштита на децата. Предложеното изменување и дополнување на Законот за заштита на децата е со цел подобрување на системот на вработување, на кариерен развој, на плати, како и поедноставување на постапката за обновување и продолжување на лиценците за работа, и соодветни измени на Законот од примената во праксата.

„Со Законот неефикасно е уреден системот на лиценцирање во делот на обновување и продолжување на лиценците за работа во установите за деца. Нецелосно е воспоставен систем на вработување и на кариерен развој на стручен кадар во установи за деца, неуреден систем на плати на кадарот во јавни установи за деца во Законот, и потреба од интервенции во Законот од примена во пракса“, истакнуваат од МТСП.

М.В