/ Прочитано:

824

МТСП: Правните субјекти да ги почитуваат препораките за топлотниот бран

По прогласувањето на портокалова фаза на територијата на цела држава до 14 август годинава поради топлотен бран, Министерството за труд и социјална политика ги повикува правните субјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, донесени врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури.

„Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови Министерството за здравство препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Се препорачува сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд“, соопштуваат од МТСП.

Препораки: http://mtsp.gov.mk/content/images/2019/juli/9.7_preporaki.pdf

ССМ со барање до работодавачите за заштита на здравјето на работниците во услови на топлотен бран

М.В