/ Прочитано:

2.846

МТСП: Со новиот Закон за социјална заштита се овозможува поквалитетен живот за лицата со попреченост

„Унапредување на правата и овозможување на подобри услови за лицата со попреченост е приоритет на Министерството за труд и социјална политика. Со новиот Закон за социјална заштита, кој е дел од социјалната реформа, се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – лична асистенција и услугата домашна нега. Правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето-плата.

Како поддршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост се зголемува износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15%. Воедно, се воведува и таканаречениот траен надоместок за родител кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26-годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж. Исто така, се развива и услугата за замена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив, што е исто така дел од новиот Закон за социјална заштита.

Новиот Закон за социјална заштита е клучен за зголемување на правата на лицата со попреченост. МТСП посветено работи да го зголеми обемот на услуги за нив и нивните семејства и презема сериозни активности за развивање на индивидуалните услуги, кои ќе овозможат независен и поквалитетен живот на лицата со попреченост и нивно поголемо социјално вклучување“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Дали социјалната пензија ќе ја намали сиромаштијата на старите лица

Кои лица ќе може да го остварат правото на социјална пензија според новиот Предлог-закон

Граѓанските организации бараат во Собранието итно да се стават на дневен ред законите  за социјална заштита и за заштита на децата

Објавен текстот на Предлог-законот што предвидува социјална пензија на стари лица

Јавна консултација за Предлог-законот за социјална заштита

Извештај за предлог-реформата на системот на социјална и детска заштита

Ќе се менуваат законите за пензиското осигурување и за придонесите од задолжително социјално осигурување

Во подготовка Закон за социјална сигурност за старите лица: Посебно парично давање за старите лица кои не оствариле пензија

Во подготовка Закон за социјалната заштита, чија цел е подобрена ефикасност на социјалните услуги

М.В