/Прочитано:

179

MТСП: Започна уплатата од државата кон приватните друштва за првите 4.926 оштетени осигуреници

Денеска започна првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пензиски столб, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

„Со првата уплата се опфатени 4.926 осигуреници и таа треба да заврши до крајот на месецот. Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните месеци и треба да завршат до средината на годината, со што сите 12 илјади осигуреници ќе бидат целосно обесштетени. За оваа намена Владата обезбеди 19 милиони евра од државниот буџет. Согласно со новата законска регулатива, исто така, во тек е трансферот на 11.319 членови од вторите кон првите друштва.

Обесштетувањето на осигурениците и сите други мерки предвидени со пензиската реформа беа тема на работниот состанок на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и директорите на ПИОМ, МАПАС и приватните пензиски друштва“, се вели во соопштението на МТСП.

Министерството за труд и социјална политика вчера до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против непознат сторител за скандалот со неуплатените придонеси. Со кривичната пријава е поднесена и документација од темелната анализа на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите.

МАПАС со соопштение во врска со осигурениците кои не биле распределени во вториот столб

МТСП со кривична пријава до Обвинителството за неправилностите со пензиите

Соопштение на МТСП за придонесите кои не биле префрлани во вториот столб

М.В