/ Прочитано:

1.160

МВР апси нови членови на „Франкфуртската мафија“

Среда, 8 мај 2013 – Најмалку шест лица се уапсени во денешното продолжение на полициската акција „Диригент“ која има за цел апсење на членовите на веќе познатата „Франкфуртска мафија“. Полициската акција се одвива во Скопје, Штип и Велес. Според првичните информации, лицата се поврзани со перење пари и трговија со дрога. 

Медиумите јавуват дека се работи за продолжение на акцијата „Диригент 2“, но овој пат најверојатно станува збор за лица што се поврзани со перење пари преку недозволена трговија со дрога.

Од полицијата ги потвдрдуваат информациите за акцијата, но детали за истата се најавуваат за утре.

Во јануари оваа година полицијата разби три наркогрупи што шверцувале хероин во Австрија и во Германија. МВР тогаш информираше дека станува збор уште едно продолжение на полициската акција „Диригент“. Во акцијата беа уапсени 14 македонски државјани, а двајца се во бегство.