/ Прочитано:

6.656

МВР: Барањата за Уверение за државјанство од утре ќе може да се поднесуваат во одделението и отсеците за управни работи

Граѓаните од утре ќе може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија во просториите на Одделението за управни работи во Скопје и отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Поради зголемен обем на работа, а со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните во овој период од годинава, МВР информира дека од утре (12.7.2017) во просториите на Одделението за управни работи во Скопје и отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип, освен фотографирање за лични карти, патни исправи и возачки дозволи, како и нивно издавање, граѓаните ќе може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија“, се наведува во соопштението.