/ Прочитано:

1.192

МВР: Да навиваме спортски – нула толеранција за говор на омраза и насилство

„Во пресрет на меѓународните фудбалски натпревари во рамките на квалификациите во Лигата на шампиони и Лига Европа, кои ќе се одиграат денеска (10.07.) и утре (11.07.) на стадионот ‘Петар Милошевски’ и на стадионот ‘Телеком арена’ во Градскиот парк во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека ќе се преземат низа мерки и активности, како и зајакнати контроли со цел одржување на јавниот ред и мир. Апелираме до граѓаните кои ќе ги проследат натпреварите помеѓу екипите на ФК Шкендија (Македонија) и ТНС (Велс), како и помеѓу екипите на ФК Работнички (Македонија) и ФК Хонвед (Унгарија), да се воздржуваат од дејствија кои го нарушуваат јавниот ред и мир, а со цел да поттикнат насилство и други кривични дела. Министерството за внатрешни работи нема да покаже никаква толеранција кон насилство, нарушување на јавниот ред и мир и други кривични дела во рамки на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Министерството за внатрешни работи ги повикува сите граѓани, особено навивачките групи, на фер и спортско навивање, притоа проследувајќи ги спортските натпревари почитувајќи ги законските регулативи и правата на сите граѓани кои ќе дојдат да ги проследат натпреварите во живо“, се вели во соопштението на МВР.