/ Прочитано:

944

МВР демантира дека синоќа имало масовно апсење во Чаир

Петок, 8 март 2013 – МВР ја демантира информацијата што ја објавија неколку портали дека синоќа биле уапсени над 30 учесници во минатоднеделните насилни протести. Оттаму  за Академик велат дека ќе продолжат со приведување на сите лица за кои имаат сознанија дека биле дел од протестите, но негираат за некаква акција во Чаир во која меѓудругото биле уапсени  лицата што полицијата ги идентификувала како водачи на протестите.

Според извори на Нова Македонија, пак, целта на ваквите дезинформации е да се поттикнат страстите на потенцијалните учесници на протестот.

Последниве неколку дена преку социјалните мрежи  Албанците се самоорганизираат за повторно оддржување на протести.  Од МВР на вчерашната прес-конференција најавија дека против сите кои би предизвикувале или би учествувале во какви било инциденти ќе следуваат најостри санкции. Во меѓувреме од полицијата соопштуваат дека  вчера во скопската населба Ченто биле нападнати две 11 годишни деца додека оделе на училиште. Се преземаат мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.