МВР ги информира јавноста и возачите за законските измени за управување со моторни возила
Министерството за внатрешни работи објавува информација во врска со законските измени за управување со моторни возила.Со Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од 18.1.2018 година, посочуваат од МВР, направени се законски измени, според кои:
– Возачката дозвола се издава со рок на важење од десет години, а на лицата постари од 70 години – со рок на важење до три години. Според стариот Закон старосната граница беше со 65-годишна возраст. Исто така, возачката дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст. Според стариот Закон, старосната граница беше со 65-годишна возраст.
– На контролен здравствен преглед задолжително подлежи возач кој наполнил 70 години возраст, во временски интервали кои не можат да бидат подолги од три години. Според стариот Закон, старосната граница беше со 65-годишна возраст.
– Дете може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од Б-категорија доколку има наполнето 17 години возраст наместо 16 години, според стариот Закон.
– Со трактор може да управува лице кое треба да има наполнето 17 години.
М.В