/ Прочитано:

2.636

МВР ги објави правилниците поврзани со работата на автошколите и овластените правни лица

Правилникот за надоместокот на комисијата за разгледување на приговорот ја пропишува висината на надоместокот на комисијата за разгледување на приговори од кандидатите за возачи до испитниот центар, кој изнесува 1 500 денари за секој разгледан приговор одделно, со тоа што испитниот центар го префрла износот на парични средства за надоместокот на претседателот и членовите на комисијата за тековниот месец распределен во еднакви износи.

Илустрација

Во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 69/2016 од 7 април 2016 година, објавени се повеќе правилници поврзани со работата на автошколите и овластените правни лица, во смисла на просторните услови, материјално-техничката и информатичката опрема за полагање на стручниот испит за вршење работи на предавач и возач инструктор, за начинот на водење евиденција за издадени меѓународни возачки дозволи и за димензиите, содржината и начинот на поставување на таблиците за означување на возилата со кои се врши оспособување на кандидати за возачи.

Во Правилникот за поблиските критериуми во однос на стручниот кадар, просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема, за начинот на водење на евиденции за издавање на меѓународни возачки дозволи и одобренија за управување на туѓо моторно возило во странство од страна на овластените правни лица, се пропишуваат условите за работа кои треба да ги исполнува лицето кое работи на издавање на меѓународни возачки дозволи, просторните услови за работа, како и начинот на кој се води евиденцијата за издавање на меѓународна возачка дозвола во хартиена форма.

Правилникот за надоместокот на комисијата за разгледување на приговорот ја пропишува висината на надоместокот на комисијата за разгледување на приговори од кандидатите за возачи до испитниот центар, кој изнесува 1 500 денари за секој разгледан приговор одделно, со тоа што испитниот центар го префрла износот на парични средства за надоместокот на претседателот и членовите на комисијата за тековниот месец распределен во еднакви износи.

Правилникот за просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на стручниот испит за вршење на работи на предавач и возач инструктор во автошкола, контролор, испитувач по наставна програма од сообраќајни правила и прописи (теоретски дел) и испитувач по наставна програма од управување со возило (практичен дел) во испитен центар, пропишува дека просторијата во која се одвива полагањето треба да биде опремена со најмалку 36 работни бироа, најмалку 36 столчиња, дисплеј или видеобим од најмалку 40’, најмалку 30 персонални компјутери со монитор од најмалку 19’, со еден централен сервер со монитор за надгледување, со локална телекомуникациска мрежа и со мрежен преклопник и со систем за видеонадзор за време на полагањето на стручниот испит. Просторијата за полагање на испитот треба да има интернет-конекција од најмалку 10 мб/с, наменета само за електронското полагање на испитот и пристап до апликацијата на Министерството за внатрешни работи за спроведување на електронското полагање на испитот.

Во Правилникот за димензиите, содржината и начинот на поставување на посебните таблици за означување на возилото со кое се врши оспособување на кандидати за возачи се пропишува дека посебната таблица треба да има форма на квадрат со димензии на страните од 16 см, со сина подлога на која со бели букви и броеви е испишана буквата „L”, ознака на регистрационото подрачје составена од два броја, променлива буквена ознака составена од една буква и регистарски број составен од два броја. Исто така, во овој Правилник се пропишува и начинот на поставување на посебните таблици во зависност од видот на возилото со кое се оспособува кандидатот за возач.

Овие правилници влегуваат во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.