30 јануари, 2013 14:17
paula
/ Прочитано:
МВР ги опоменува и обучува полициските службеници за претстојните локални избори
Среда, 30 јануари 2013 – Македонската полиција почна со подготовка на полициските службеници пред и за време на претстојните локални избори закажани за 24 март 2013 година. Формиран е Оперативен штаб кој треба да ги испланира и реализира сите активности, а исто така донесена е агендата и планот за обуки на полициските службеници.
Од МВР информираат дека формиран е Оперативен штаб кој треба да ги испланира и реализира сите активности, како и агендата и планот за обуки на полициските службеници што треба да ги реализира Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС). Полициските служебици се подготвуваат за предизборниот период, како и за самиот ден на изборите.
СВКПС како контролен механизам ќе преземе активности со цел непречено одвивање на изборниот процес пред одржување на локалните избори 2013 година. Исто така ќе одржи работни состаноци со раководителите на организационите единици во Министерството на кои што ќе им биде укажано за начинот на однесување и постапување на полициските службеници за време на предизборната кампања. На работните состаноци ќе има задолжување на старешините на организационите единици во полицијата, истите да одржат работни состаноци со вработените на кои што ќе им укажат на полициските службеници во предизборната кампања за време на локалните 2013 да постапуваат согласно законските прописи.
- Правилникот за начинот на вршење на полициските работи;
- Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите;
- Законите на важност во Република Македонија.
Исто така на работните состаноци на полициските службеници ќе им биде укажано за доследно да го почитувааат член 128 од Законот за внатрешни работи, надвор од работното време да не се ставаат во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушуваат јавниот ред и мир и угледот на Министерството за внатрешни работи, да се воздржуваат од какви било провокации на активисти на политичките партии, а доколку учествуваат во вакви настани ќе бидат преземени најстроги дисциплински мерки согласно Колективниот договор на МВР и важечките закони.
Во однос на самиот ден на изборите, 24.03.2012 година, СВКПС ќе ја покрие целата територија на Македонија, при што припадници ќе бидат распоредени во Секторите за внатрешни работи. Вработените во Секторот за секое примено известување за незаконско и непрофесионално постапување на полициските службеници припадниците на Секторот веднаш ќе излезат на лице место со цел констатирање на фактичката состојба и преземање на понатамошни мерки. Со реализација на активности ќе се отпочне на 24.03.2013 година од 06.00 часот и ќе трае до завршување на активностите.
Исто така дадена е насока за зголемена динамика во работењето и на Управните служби кои согласно досегашната практика ќе издаваат биометриски лични документи и на денот на изборите.