/ Прочитано:

1.683

МВР ќе подготвува посебен закон за ветинг во полицијата

Владата ја разгледа и ја усвои информацијата во врска со спроведувањето процес на проверка (ветинг) на вработените во МВР.

„Се задолжува МВР најдоцна до 20.8.2019 година да формира работна група со задача да изготви предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот и најдоцна до 1.10.2019 година да го достави до Владата на Република Северна Македонија. Во информацијата од МВР наведено е дека процесот на проверка (ветинг) во полицијата во развиените земји претставува составен дел од етиката и професионалните стандарди на полициските сили и е дел од заштитните безбедносни политики. Заради креирањето праведна институција, со високи стандарди на интегритет, зголемување на професионалноста на вработените, зајакнување на борбата против криминалот и корупцијата, обезбедувајќи чесни, кредибилни и посветени полициски службеници, како што е констатирано, неопходно е МВР да пристапи кон подготовка на нацрт-текст на посебен закон, во којшто ќе се дефинираат сите потребни елементи за ефикасно спроведување на процесот на проверка, односно оценување на вработените во Министерството. Во меѓуресорската работна група предвидено е да учествуваат вработени во Министерството, претставници од стручната јавност, претставници од Мисијата на ОБСЕ во земјава, претставници од невладиниот сектор, со задача да спроведе сеопфатна анализа за тековната состојба, да утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во МВР врз основа на компаративни искуства и да изготви предлог-закон, заедно со акциски план околу процесот“, се вели во соопштението на Владата.

Трибина за ветингот во МВР

М.В