МВР: Над 2.600 полициски службеници задолжени за безбедноста на натпреварот Реал Мадрид-Манчестер јунајтед
Министерството за внатрешни работи ги презеде сите потребни мерки и активности со цел организацијата на Суперкуп-натпреварот на УЕФА меѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед во Скопје да мине во најдобар ред, информираат од МВР.
Ангажирани се 2.600 полициски службеници кои се задолжени за безбедноста на присутните наАрената„Филип Втори“, реонот околу фудбалскиот стадион и фан-зоните, каде што поголем дел од денот престојуваат навивачите на двата клуба.
Според инструкциите на УЕФА, на стадионот може да се внесат само знамиња на фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер јунајтед и знамиња на Шпанија и Англија. Апелираат од МВР до сите што имаат билети за следење на овој натпревар да дојдат порано на националната арена заради избегнување непотребни гужви. На влезот се предвидени ригорозни контроли и нема да биде дозволено внесување монети, запалки, лименки, шишиња или други предмети.
M.В