/ Прочитано:

2.983

МВР објави измени во постапката за издавање меѓународна возачка дозвола

Со новините што почнуваат да се применуваат од утре (30.06.2017), секој возач кој поседува возачка дозвола, по негово барање, му се издава и меѓународна возачка дозвола. во прилог кон барањето за издавање меѓународна возачка дозвола, се приложува и потврда издадена од МВР и СВР (Оддел за управни работи) дека против возачот не е изречена прекршочна санкција, односно забрана за управување на моторно возило. Потврдата се издава веднаш по поднесеното барање.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека на секој возач кој поседува возачка дозвола, по негово барање, му се издава и меѓународна возачка дозвола.

Како што соопшти МВР, во согласност со член 315, став 1 и 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на РМ“ бр.169/15), со новините што почнуваат да се применуваат од утре (30.6), на возачот на кој му е изречена прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило за одреден период – не може да му биде издадена меѓународна возачка дозвола додека му трае изречената забрана.

Во согласност со Правилникот објавен во „Службен весник на РМ“ бр.80/16, во прилог кон барањето за издавање меѓународна возачка дозвола, се приложува и потврда издадена од МВР и СВР (Оддел за управни работи) дека против возачот не е изречена прекршочна санкција, односно забрана за управување на моторно возило. Потврдата се издава веднаш по поднесеното барање.