/ Прочитано:

1.779

МВР подготвува измени на повеќе закони заради усогласување со новиот Закон за прекршоците во делот на глобите

Министерството за внатрешни работи подготвува измени на повеќе закони чија цел е усогласување со Законот за прекршоците.

Помеѓу законите кои се најавуваат дека ќе претрпат измени се: Законот за детективската дејност, Законот за следење на комуникациите, Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, Законот за странците, Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари,  Законот за приватно обезбедување,  Законот за полиција, Законот за оружјето, Законот за личното име, Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, Законот за јавните собири, Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за државјанството на Република Македонија, Законот за личната карта и др.

Со законските измени ќе се изврши ревидирање на конкретни одредби од законите со цел усогласување со новиот Закон за прекршоците. Со усвојување на предложените измени ќе се овозможи усогласување на прекршочните одредби од законите со одредбите од новиот Закон за прекршоците во насока на утврдување нови износи на глоби за прекршоците сторени од страна на физички, службени, овластени и правни лица.

Со Законот за прекршоците се уредуваат општите услови за пропишување на прекршоците и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишуваат прекршочните постапки.

Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите

Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството