/ Прочитано:

1.719

МВР презема активности за расчистување на случајот „Јавна соба“

„Министерство за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје, изврши идентификација на сопственикот на групата ‘Јавна соба’ со иницијали Д. К. од Скопје и на еден од администраторите на групата со иницијали М. П. од Скопје. Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модераторски улоги во групата. Со лицата е извршен службен разговор, а во текот на утрешниот ден, во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО, ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР. Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината која беше споделена во групата со цел утврдување други нелегални активност и сторители, согласно со КЗ. Паралелно на ова, МВР во соработка со ‘Телеграм’ презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата. МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива“, се вели во соопштението на МВР.