/ Прочитано:

924

МВР: Приведена дадилката што тепаше дете во игротека

Дадилката што беше фатена на камера како тепа двегодишно дете во игротека на угостителски објект во Скопје е приведена во полициска станица, информираат од МВР.

Полициски службеници од Полициската станица Аеродром вчера во 15:57 часот ја лишиле од слобода 59-годишната Ж. П. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од М. А., сопственик на угостителски објект во Скопје.

Тој пријавил дека во игротеката во угостителскиот објект пријавената физички нападнала малолетно дете.

По преземени мерки било утврдено дека таа била ангажирана да работи како дадилка кај Д. Д.(43) од Скопје и физички го нападнала нејзиниот двегодишен син. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

М.В