/ Прочитано:

1.533

МВР се обиде неовластено да снима во судница на судењето за случајот „Фабрика за афери“

Лицето од МВР одговори дека надлежниот старешина му ја дал наредбата, по што судијката побара снимките веднаш да бидат избришани и се увери дека е сторено тоа проверувајќи ја камерата.

Судење на браќата Захир и Имер Бекири

Претставници на Министерството за внатрешни работи го снимаа со камера рочиштето за случајот „Фабрика за афери“. По реакцијата на одбраната дека МВР неовластено снима, судијката во процесот, Гордана Спиревска, им нареди на лицата да престанат да снимаат.

„Како можете да го дозволите ова? Нели треба да го штитите судот? Кој ви даде дозвола за вакво нешто?“, праша судијката.

Лицето од МВР одговори дека надлежниот старешина му ја дал наредбата, по што судијката побара снимките веднаш да бидат избришани и се увери дека е сторено тоа проверувајќи ја камерата.

Трите лица од МВР и понатаму останаа во судницата.

На денешното рочиштето на кое одбраната на Захир и Имер Бекири требаше да предлага сведоци, адвокатот Мирослав Вујиќ побара најпрво да бидат презентирани доказите – предметите одземени од домот на Захир Бекири, кои се однесуваат на првото кривично дело кое им се става на товар на браќата – изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од членот 395 ст. 1 вв со чл. 22

„Секачот, пресата и компјутерите, кои беа презентирани во судницата, не се одземени од домот ниту, пак, им припаѓале на браќата Бекири“, истакна одбраната.

„Очигледно е дека некој додава докази според потреба, што лесно може да се провери според листата на докази и одземените предмети“, рече Вујиќ.

Одбраната побара овие докази да се издвојат од предметот.

М. С.