МВР: Уапсени поранешен директор на УБК и двајца адвокати
Четврток, 18 април 2013 – Слободан Богоевски, поранешниот директор на УБК синоќа е уапсен во својот дом во Дебар Mаало. Според првичните информации на полицијата, во акцијата се уапсени и двајца адвокати. Од МВР повеќе детали најавуваат за подоцна.
Неофицијално станува збор за финансиска измама на странски државјани, а од МВР засега не откриваат ништо, бидејќи полициската акција се уште е во тек. Покрај поранешниот полициски функционер, од МВР за Академик потврдуваат дека се уапсени и двајца адвокати, како и неколку граѓани. МВР со повеќе информации ќе излезе во текот на денот.