/ Прочитано:

1.392

МВР: Управител на фирмата „Гламур груп“ со измама присвоил речиси 2 милиони денари

Сабота, 9 март 2013 – Полицијата го приведе Г.К. (49), управител на фирмата „Гламур груп“ Скопје, и против него поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение за кривично дело „измама“.

МВР денеска соопшти дека пријавениот како управител на „Гламур груп“ во текот на 2011 година со лажно прикажување факти за неговата фирма како успешна довел во заблуда две физички и едно правно лице дека наводно ќе им испорача мебел. Му исплатиле вкупно 1.959.112 денари, сума за која ги оштетил.

Според полицијата осомничениот, во декември 2011 година на физичко лице од Скопје му понудил да стане содружник во неговата фирма и од него побарал и примил позајмица во износ од 390.000 денари, со ветување дека парите ќе му ги врати во рок од два месеци, иако знаел дека не може да му ги врати бидејќи ги потрошил за лични потреби. Исто така, како што посочуваат од МВР тој се договорил со сопственикот на правно лице од Богданци – производител на мебел, преку неговата фирма да врши продажба на мебел во Скопје, при што набавил мебел во износ од 1.533.112 денари за што му биле изготвени фактури и испратници потпишани од негова страна. Пријавениот не ги прокнижил во неговото сметководство, а мебелот го продал на физички лица со што парите ги присвоил за себе.  Во март 2012 година учествувајќи на Саемот за мебел довел во заблуда лице од Гевгелија така што се презентирал како производител на мебел и дека е еден од сопствениците на фирма од Богданци, при што го навел лицето да му исплати парични средства во износ од 36.000 денари, при што не му го испорачал договорениот мебел.

Од страна на Единица за економски и компјутерски криминал СВР Скопје за пријавениот е распишана централна потерница, при што на  4  овој месец полициските службеници Алфи го привеле во Полициската станица Кисела Вода. Истражен судија на пријавениот му одреди превентивни мерки за забрана на напуштање на Скопје и за издавање патна исправа