/ Прочитано:

2.212

МВР: Во Скопје откриена мини лабораторија за изработка на фалсификувани пари

Петок, 15 март 2013 – МВР уапси 5 лица поради сомнение за изготвување на поголема количена фалсификувани пари во лабораторија во Скопје кои биле пуштани во оптек во Куманово и Крива Паланка. 

фото: МВР

„СВР Куманово во содејство со СВР Скопје откри група на лица кои во Скопје направиле мини лабораторија опремена со опрема за скенирање, компјутерска обработка и изготвување на лажни пари, во која  во почетокот на 2013 година изготвиле поголема количина на фалсификувани пари во апоени од по 500 денари со ист сериски број. Од страна на полициските службеници од СВР Скопје опремата е одземена, по што до ОЈО Куманово заедно со кривична пријава ќе бидат спроведени  Н.С.(24) , М.М. (24) и И.А.(39) од Скопје, Д.Т.(28) од Куманово и Г.С.(28) од Крива Паланка поради основано сомнение дека сториле  кривично дела ‘фалсификување пари’. Пријавените Н.С, М.М и И.А, со намера за себе да прибават противправна имотна корист во лабораторијата печателе фалификувани банкноти, при што повеќе банкноти Н.С. заедно со Д.Т и Г.С ги пуштиле во оптек како вистински на повеќе локации на подрачјето на Куманово и Крива Паланка“, стои во соопштението на МВР.

Бидејки  постои сознание дека осомничените се сторители и на други вакви дела сторени и во други градови низ Р.Македонија, во тек се мерки за нивна проверка, расветлување и документирање по што ќе бидат поднесени и соодветни пријави.

Инаку, како што велат од полицијата, пријавените Н.С, Д.Т. и Г.С. се познати сторители на кривични дела од областа на имотните деликти и тоа тешки кражби и кражби за што досега им се поднесувани кривични пријави.