/ Прочитано:

2.076

МВР за нападот врз поранешниот министер за здравство

Министерството за внатрешни работи објави соопштение во врска со нападот врз поранешниот министер за здравство.

„Денеска (1.6.) околу 12 часот пред објектот на Министерството за здравство во Скопје, според првичните сознанија, лицето Љ.С. (60) од село Долно Каласлари, Велешко, испукал два проектила од пиштол кон поранешниот министер за здравство Н.Т. кој не е повреден по нападот. Од страна на полициски службеници, Љ.С. е приведен на местото на настанот, каде што e пронајдена една чаура. Истрагата е во тек и се работи на целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

М.В